(Видео) БТВ од терен ги потврди информациите на Инфомакс: Баџото на Мицкоски има фирма во Бугарија – И балдзката и сопругот имаат бугарски пасоши
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не само што одбиваат да ја исполнат заложбата на нивната земја да вклучи бугарска заедница во нејзиниот устав, туку Мицкоски, пак, побара признавање на македонска заедница во Бугарија Со зборови против Бугарија, но со бизнис во Бугарија, пишуваат колегите од бугарската БТВ, кои на терен го потврдија она што Инфомакс го пишуваше месеци претходно, а тоа е дека македонски политичари имаат фирми во Бугарија.
Баџанакот на Мицкоски, Јорданчо, како и неговиот братучед Дончо имаат фирми во Бугарија, а балдазата на Мицкоски, Стевица има бугарски пасош, пишуваат од БТВ.
Среќни сме и што роднините на премиерот на Северна Македонија и другите Македонци развиваат бизнис и плаќаат даноци во Бугарија. Причината поради која раскажуваме за бизнисот на роднините на Мицкоски не е затоа што има нешто лошо во тоа, туку затоа што неговата партија во изминатите години ги обвинуваше своите противници дека развиваат бизнис во нашата земја. Ова е претставено како грев. А непријателската реторика продолжува, се вели во сторијата.
Во градското собрание, веднаш до кабинетот на градоначалникот на Петрич, се наоѓа кабинетот на баџанакот на Христијан Мицкоски, Јорданчо Јанев. Колегите од БТВ се сретнаа и разговараа со жената која вели дека раководи со сметководството на фирмата на Јанев во Бугарија. Таа одбива да зборува пред камера. Но, од неа дознаваме дека ја опслужува фирмата „Дано транс“, сопственост на Јорданчо Јанев.
На истата адреса е и фирмата „Инфинити транспорт груп“ со управител Дончо Карастоев – прв братучед на баџанакот на Мицкоски, Јорданчо.
Инфомакс пишуваше за бугарските фирми на функционери и роднини на функционери во Македонија уште на почетокот на 2024 година.
Прочитајте повеќе за компанијата на баџанакот на Мицкоски на следниот линк:
Сторијата на БТВ погледнете ја во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…