„Ми одекнуваат зборовите од Онкологија во Скопје, што се случува во Битола секој втор е болен од рак?“ потресна исповед на битолчанка
Мој прв братучед…почина од рак!
Мој стрико…почина од рак!
Мојот вујко почина од рак!
Мојот дедо…почина од рак!
Мојата баба…почина од рак!
Моја прва брачеда…почина од рак!
Моја втора брачеда…почина од рак!
Мојата мајка…се избори и преживеа…од рак!
Мои пријатели и сограѓани во огромен број кои починаа од оваа опака болест!
Сеуште ми одекнуваат зборовите на онкологот на мојата мајка во Скопје кога поминувавме низ прав пекол “Што ли Ви се случува во таа Битола, секој мој втор пациент доаѓа од тој град”.
Немам сила да продолжам понатаму да пишувам и да се навраќам на минато и болни моменти и ликови кои не се повеќе меѓу нас!
Уште колку од нас ќе плаќаат со своите животи?
Можеби утре ќе биде некој мој друг близок…можеби некој твој…никогаш не изгледа толку лошо,се додека мечката не заигра и во својот двор…верувајте сум научила лично на своја кожа…нема поголем пекол од тоа!
Доволна ни е и оваа клетва и судбина!
Градот ни се претвора полека во сениште!
Уште колку ли отрови треба да не доуништат!
Само пишувам како мајка на еден син кој допрва треба да го исправам за својата иднина…пишувам како битолчанка која си го сака својот град и сум останала да живеам во него.
Која останала и сака да доживее длабока старост заедно со сите свои блиски покрај неа!
Ве преколнуваме…
НЕ ЗА ДЕПОНИЈА ВО БИТОЛА!!!
Извор: БАБАМ БИТОЛА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и…
Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот…
Пожар зад зградата на МРТВ, се запали…
Денеска изби пожар зад зградата на МРТВ…
Комеморација во Белград за поранешниот командант на…
Денеска во Домот на Армијата во Белград…
Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при…
Кавадаречката полиција синоќа привела 34-годишен кавадарчанец кај…
Мито од 1.500 евра барал возачот од…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за…