Филипче: Почнуваме битка со најнеспособната влада
Денес ги славиме вредностите во кои веруваме – демократија, правичност и напредокот, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој го доби мандатот да ја води СДСМ наредните 4 години.
-Добив доверба од двојно повеќе членови од првиот пат – тоа не го гледам како лична заслуга, туку како сигнал дека членовите веруваат во насока во која се движи СДСМ.
Посебна благодарност до секој активист, секој член, секоја општинска организација. Високата излезност зборува гласно – СДСМ се буди, СДСМ се консолидира, СДСМ зајакнува!
Ова не беше само технички процес, ова беше политичко мобилизирање, сигнал дека СДСМ е жива и подготвена. Продолжуваме да градиме партија во која секој член се слуша, секој активист е важен, секој став се почитува. Во изминатите десет месеци тоа го покажав и докажав, така продолжуваме и понатаму. Ќе продолжиме со отворен дијалог, со вклучување на нови луѓе, со создавање нова генерација на политичари кои ќе ги промовираат вредностите на социјалдемократијата.Од овие избори пораката е јасна: СДСМ не само што не се предава, туку се зацврстува, се подготвува и ќе биде клучен играч во новата политичка фаза што доаѓа – изјави Филипче.
Тој рече дека првата борба се локалните избори, па најави дека почнуваат со анкети помеѓу членството, но и граѓаните. Прашан дали ќе има коалиција со ДУИ, Филипче рече дека засега немаат разговори.
„Во следниот период почнува сериозната припрема за локалните избори. Ќе ги избереме луѓето кои најдобро ќе нѐ претстават, луѓето кои ќе имаат кредибилитет да излезат во своите средини, пред своите пријатели и познаници, луѓе на кои ќе може да се верува дека ќе ги исполнат програмите. Ќе се бориме во многу општини со политичкиот противник ВМРО-ДПМНЕ. За жал, нивните градоначалници не ги водат општините како што треба, нема проекти за доброто на граѓаните. Тоа го гледаме преку Градот Скопје, видете на што ни личи метрополата. Нема редовен превоз, нема чисти улици, нема проекти“, рече Филипче.
Посочи дека втората тешка борба е борбата со Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ЗНАМ.
„Понеспособна Влада државава немала никогаш до сега. Затоа имаме обврска кон граѓаните да покажеме дека сме спремни, дека умееме и знаеме да се бориме за доброто на државата, дека ќе ја вратиме на европскиот пат. Нема ни една област и сфера во која добро се случува“, додаде Филипче.
Тој и порача на Владата дека СДСМ е силна, спремна и консолидирана, дека се враќаат на победничите патеки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…