Карадакоски ќе биде погребан утре, телото вчера донесено во Македонија
Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани, вчера е транспортирано во Македонија од Литванија, по што е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.
Погребот на Карадакоски ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а од 12 часот ќе биде изложено во градската капела во Кочани.
Карадакоски по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше на лекување во Литванија. Здравствените влати во Македонија потврдија дека тој бил најкритичниот пациент со околу 35% изгореници од втор и трет степен на главата, вратот и рацете. На дишните патишта имал тешки изгореници од околу 90 проценти.
Состојбата му се влошила на 1 април, Александар бил и на дијализа поради откажување на бурбезите. Почина на 4 април.
За истражните власти, Карадакоски беше еден од осомничените за пожарот во „Пулс“. Според информациите од обвинителството, тој бил управител на фирмата „ММММ кафе доел Кочани“ која управувала со дискотеката. Карадакоски, всушност бил управител на хартија и работел во дискотеката.
По неговата смрт, Обвинителството информираше дека по прибавување на официјалната документација за настапената смртна околност ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…
Компаниите што во последните три месеци редовно…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…