Кешишев претпоставува дека во ранецот имало пиштол, но не проверил: „Додека не ми кажат, не пипам ништо“

t

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски, каде обвинетиот Влатко Кешишев одговара на прашања од судијата Ивица Стефановски. Кешишев сведочеше за својата улога во партијата „Десна“, но и за настаните во кои се обвинети.

Како што истакна, тој бил домар во партијата и редовно престојувал таму. Секојдневно готвел храна за себе и Љупчо Палевски Палчо, додека за гостите и симпатизерите правел кафе и сок. На прашањето дали секогаш го правел тоа што му кажувал Палчо, тој одговори: „Да, му бев како десна рака“.

Кешишев раскажа за подготовките за киднапирањето на Панче, при што вели дека слушнал истрел, но бил далеку од местото на настанот. „Кога беше убиен Панче, бев многу далеку и не знам што се случуваше“, рече тој, додавајќи дека не бил свесен за плановите кои воделе до убиството.

Прашан дали знаел за дупката, тој одговори потврдно, велејќи дека претходно ја копал со Велибор. Кешишев објасни дека по киднапирањето се задржале околу 30 минути кај дупката, а истрелот што го слушнал не бил многу силен бидејќи бил на далечина.

„Првиот пат ме опомена Вељо кога ја завршивме дупката, дека за ова не смее никој да знае, може и глави да летаат“, рече тој, додавајќи дека го сфатил тоа како закана.

Во врска со ранецот кој го носел, Кешишев потврди дека го зел од „кангуто“ и рече дека не го отворил, па не може да потврди дали во него бил пиштолот. Кога беше прашан за претпоставката дека во ранецот може да има пиштол, Кешишев одговори дека тоа било негово претпоставување, базирано на тоа како пиштолот би се забележал на појасот на оној што го носи.

Кешишев исто така изјави дека не бил свесен за настаните.

Во однос на прашањето дали автомобилот Рено Кангу бил чистен со WD40, Кешишев раскажа дека тие се задржале околу 30 минути на местото, а потоа отишле на паркинг каде Палчо го избришал воланот.

Според најавите, по сослушувањето на Кешишев, ќе сведочат и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Љупчо Палевски.

Малолетната Вања и Панче Жежоски, велешанец, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ