Таравари во Клик Плус: Меџити има комуникација со Муса Џафери и со Фатмир Дехари од ДУИ
Вечерва се враќа „Клик Плус“ со Фатмир Алиу на ТВ21, а прв гостин е претседателот на Алијанса за Албанците, дел од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари.
Говорејќи за последните случувања во оваа коалиција и коментирајќи ја својата изјава дека сите во ВЛЕН комуницираат со ДУИ, Таравари рече дека Изет Меџити има комуникација со Муса Џафери од ДУИ.
„Сакам да бидам искрен до крај. Да ѝ објаснам на јавноста до крај. На пример, господинот Меџити има комуникација со многу луѓе во ДУИ. Ако не со Али Ахмети? Има со Муса Џафери. Или има со Фатмир Дехари. Или има со некој експонент. И нашите пратеници во Собранието имаат комуникација. Верувам и тие од Беса, не се изолирани. Не велам дека претседателите се сретнале заедно, но комуникација во една држава со 1,5 милион жители и каде што има 120 пратеници во Парламентот – тоа е нормално, ќе има комуникација“, изјави Таравари во „Клик Плус“ на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…