Трамп ја откажа планираната заедничка прес-конференција со Нетанјаху
Белата куќа денеска соопшти дека ја откажува заедничката прес-конференција на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, закажана за попладнево, пренесоа американските медиуми.
– Предвидената прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп е откажана, објави претставник на Белата куќа.
Нетанјаху денеска се сретна со Трамп во Белата куќа, а главна тема на разговор ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел, соопштија од кабинетот на Нетанјаху. Најавено беше дека двајцата лидери ќе разговараат и за заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, потенцијалните тензии меѓу Израел и Турција во Сирија и напорите за одвраќање на Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху и Трамп разговарале за плановите на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот…
Нетанјаху најави војна до целосно уништување на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција изјави…
Трамп без јасен став за анексијата на…
Американскиот претседател Доналд Трамп избегна директно да…
Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа,…
Пред претстојниот состанок на Советот за национална…
Вашингтон Пост: Нетанјаху го штитеше Xамаc
Израелскиот премиер го запре секој обид за…