Снегот и студот предизвикаа штети кај овошките во Охридско
Снегот и ниските температури деновиве, но и ниските температура пред дваесетина дена предизвикаа значителни штети кај овошките во Охридскиот регион. На ова посочуваат земјоделците кои велат – надлежните мора да преземат одредени мерки со кои ќе им помогнат да ги заштитат овошните насади од временските непогоди.
„Штетите во земјоделието се големи, особено на овошните насади, сметајќи дека во Охрид и охридско целосно е расцветана сливата, некои порани сорти на цреша, но големи измрзнувања има и кај охридската цреша и јаболка. Од тоа што можев да го видам на терен сабајлево штетите на места се 95-99%. Дел од овоштарите преземаат мерки со поставување на прскалки со вода таканаречен анти фрост систем, но ќе видиме за ден-два и колкави ќе бидат штетите и таму бидејќи вчеравечер температурата на некои места падна на -8 степени. Штетите допрва ќе се пријавуваат, чекаме да помине бранов, да видиме до кај сме, вели Николче Милески.
Извор: Ohridnews
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…