Стапуваат на сила глобалните царини на Трамп: 104 отсто царина за увоз од Кина
Покрај високите царини за Пекинг, САД воведоа царини за увоз од десетици други земји, вклучувајќи 46 отсто за Виетнам, 32 отсто за Тајван, 25 отсто за Јужна Кореја, 24 отсто за увоз од Јапонија, 20 отсто за сите земји од Европската унија.
САД ја зголемија царината за увоз на стоки од Македонија на 33 отсто.
Според планот на Трамп, тарифата за кинескиот увоз првично беше поставена на 34 отсто, а со постојната царина од 20 отсто за Кина, што ја донесе вкупната стапка на 54 отсто, пренесува АП.
Откако кинеските власти најавија реципрочни мерки, Белата куќа објави дека САД ќе ја зголемат вкупната стапка на кинескиот увоз за уште 50 проценти – со што вкупната ќе достигне 104 проценти.
Првата фаза од царините на Трамп – основна стапка од 10 проценти на увозот од речиси сите трговски партнери на САД – стапи на сила во саботата рано наутро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…