Проф. Десковски за случајот со судијата Ферати: Преку ноќ, слабите студенти со ниски просеци стануваа солидни експерти

t

Преку фејсбук статус, проф. д-р Тони Десковски испрати критика за влијанието на измените на Законот за високо образование, воведени пред една деценија. Според него, многу членови на Академската заедница во тоа време биле згрозени од “силувањата” на законот, кои довеле до сериозни последици за образовниот систем.

Десковски истакнува дека една од клучните измени, која дозволила повторно полагање на испити за студенти кои веќе ги завршиле своите студии, отворила “пандорина кутија”. Оваа законска можност, како што вели тој, создала ситуација во која студенти со низок просек можеле да ги “пумпаат” своите резултати, без да ја загубат дипломата.

“Преку ноќ, слабите студенти стануваа ‘солидни’ експерти,” напиша Десковски, нагласувајќи дека сега се соочуваме со последиците од тоа законодавно самоволие. Како резултат, многу од овие “солидни” експерти се инфилтрирале во државната администрација и правосудството.

Професорот апелираше до медиумите да покажат иницијатива и да побараат пристап до доказите од истрагата за овие промени, потенцирајќи дека истрагата не е тајна, дури и додека трае.

На крајот, Десковски изрази сомневање дека укинувањето на можноста за “пумпање” на просеци ќе доведе до значајни промени, бидејќи оние кои ја искористиле оваа можност ќе останат во раководните структури на државната администрација и правосудството долго време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…