Втора рунда преговори меѓу Русија и Америка утре во Турција
Втората рунда консултации меѓу руската и американската делегација ќе се одржи на 10 април во Генералниот конзулат на Русија во Истанбул, соопшти руската дипломатска мисија.
„Руско-американските консултации ќе се одржат во рускиот генерален конзулат во Истанбул“, изјавија руски извори за Тас.
Руското МНР претходно соопшти дека руската делегација на консултациите ќе ја предводи амбасадорот во Вашингтон Александар Дарчиев, а американската делегација ќе ја предводи заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Соната Култер.
Стејт департментот соопшти дека на средбата е планирано да се разговара за работата на дипломатските претставништва на двете земји, а на дневен ред на консултациите не биле вклучени прашања од политиката, безбедноста и ситуацијата во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…