Објавено на:

Шок во Монте Карло: Новак елиминиран уште на стартот – Тој ѝ се извини на публиката

t

И натаму нема ништо од 100-тиот трофеј за Новак Ѓоковиќ. Имено Србинот попладнево беше поразен и со тоа елиминиран уште на стартот од АТП Мастерсот во Монте Карло. Алехандро Табило од Чиле, успеа да слави со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) и со тоа го елиминираше најдобриот тенисер во историјата.

На почетокот на прес-конференцијата по натпреварот, Новак беше малку незадоволен од формулацијата на новинарското прашање кое гласеше: „Ова не беше баш вашиот најдобар ден?“.

„Најдобар ден? Ѓоковиќ праша со насмевка, а потоа продолжи:
“Тоа беше повеќе како најлошиот ден. Внимавајте… Се надевав дека ова нема да се случи, но имаше голема веројатност да играм вака. Страшно е. Страшно е чувството да се игра вака и им се извинувам на сите кои мораа да го гледаат ова”.


Дали има објаснување за оваа игра?
„Не знам. Немам. Го имам и го немам. Не ме интересира навистина ништо“.
Се чинеше дека имаше проблем со раката на тренинг, имаше ли проблем со повредата на натпреварот?
„Се е во ред. Се е во ред. Само мал, мал проблем“, одговори Новак потврдувајќи ја состојбата по прашање за проблемот со очите.
„Не сум повреден“, додаде тој.


Тој претходно изјави дека нема никакви очекувања во Монте Карло.
“Па, очекував барем да одиграм океј натпревар. Не вака. Беше страшно. Немав големи очекувања, навистина немав, знаев дека ќе играм против силен противник и знаев дека веројатно ќе играм навистина лошо. Но, ова лошо… не го очекував тоа”, нагласи српскиот тенисер.
Ѓоковиќ сега се соочува со Мастерсот во Мадрид, кој треба да започне на 22 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…