Објавено на:

Маж влетал со мачета во берлинска пекарница, го фатиле петмина и го претепале до смрт

t

38-годишен човек со мачета во рака денеска влетал во пекарница во Берлин, по што петмина мажи му се спротивставиле и го претепале до смрт, јавува германски „Велт“. Крвавиот инцидент се случил во берлинскиот кварт Рајникендорф околу 8 часот утрово, а полицијата уапси неколкумина осомничени.

Минувачи нашле маж без знаци на живот на тротоарот на улицата „Вализер“. Брзата помош и полицијата брзо интервенирале, но секој обид за реанимација бил залуден. Според очевидци, непосредно пред инцидентот се слушнала гласна расправија, а некои изјавиле дека виделе како неколку луѓе ја напаѓаат жртвата.

Инспекторите веруваат дека убиениот човек бил бездомник. Според полициски извори, тој наводно влегол во блиската пекара со мачета во рака, по што дошло до ескалација, а деталите и натаму се утврдуваат. На ова реагирале групата мажи, кои го претепале бездомникот со безбол палки, по што тој починал.

„Во непосредна близина имало петмина мажи на возраст од 24, 37, 39, 50 и 57 години, кои се уапсени и задржани“, соопштија од полицијата.

Во текот на утрото, местото на кое се случило убиството беше целосно блокирано, а форензичарите внимателно ги собираа доказите. Формирана е специјална истражна група која детално ги истражува околностите на убиството.

Полициските синдикати изразија загриженост поради сè почестите инциденти на брутално насилство во Берлин.

„Ова е уште еден трагичен пример за тоа како конфликтите често се решаваат со екстремно насилство. Се надеваме на брзо и целосно расчистување на овој случај“, рече портпаролот на полицијата. Засега не се познати дополнителни детали за идентитетот на убиениот човек и неговите мотиви за однесувањето кое го чинело животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…