СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?
Речиси четири недели по огромната трагедија во Кочани, истргата сè уште нема одговори на едни од најважните прашања: кој сноси одговорност за пожарот во „Пулс“ и кој е виновен за сериозните безбедносни пропусти на денот на трагедијата?
Иако беше најавено, до денеска не е направен ниту еден чекор во насока на проширување на истрагата – ниту за пропустите што ја обележаа кобната ноќ, ниту за оние што ѝ претходеле.
Не е поведена постапка против ниту едно лице од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ, иако тие на 16 март, денот на трагедијата, биле на одговорни позиции.
Зошто нема проширување на истрагата иако беше најавено?
Зошто ниту еден актуелен функционер којшто бил на функција тој ден не е опфатен со истрагата ниту пак е повикан на распит?
Не смее да има заштитени. Не смее да продолжи селективно да се води истрагата.
Одговорност мора да има – без разлика на функцијата или позицијата. Ова не е партиско прашање. Ова е прашање на правда, на доверба во институциите и на почит кон жртвите и нивните семејства.
Граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Семејствата на настраданите имаат право да добијат одговори. Тие одговори мора да донесат конкретна одговорност, и тоа на сите нивоа.
СДСМ останува цврсто на ставот: мора да има целосна, транспарентна и неселективна истрага. Правдата за Кочани мора да победи. Таа правда мора да биде недвосмислена, видлива и целосна.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…