Продолжува потрагата по исчезнатото лице од штипско Степанци

t

Продолжува потрагата по исчезнатото повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Лицето последен пат било видено на 5 април 2025 година, а за исчезнато било пријавено на 7 април 2025 година во 16:20 часот на бројот за итни случаи 112.

– За неговото исчезнување се известени МВР Штип и Општина Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани кои можат да помогнат и помагаат во потрагата, информира Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК.

Вчера од роднини и пријатели е пребаруван повторно теренот околу селото Степанци и околу другите блиски села. Претходниот ден (8 април 2025 година) во потрагата биле вклучени 15 лица, меѓу кои и двајца вработени од РЦУК Штип, кои доброволно се вклучиле во потрагата.

– Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. И жители од околните села во тој реон самостојно вршат претрага во атарот на нивните села, се наведува во соопштението од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…