Вандализиран споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје

t

Споменикот на децата бегалци во паркот Жена Борец во центарот на Скопје повторно е вандализиран и целосно уништен од непознати сторители. Овој споменик е откриен на 30 јуни кога во Скопје се одржа првата светска средба на децата бегалци. Последен пат споменикот беше уништен во октомври 2019 година. Плочата ги прикажуваше жртвите од Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година, пишува МКД.мк

Ова е жален и вандалски чин врз споменикот на децата бегалци кој е поставен тука уште во 1988 година. Овој споменик е симбол на една голгота, на откорнати деца од родните огништа. Апелираме во МВР до и до министерот Панче Тошковски да ги преземат сите потребни мерки и да се најде сторителот“, вели Евгенија Николовска, претседателка на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија- Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…