40 годишен скопјанец е лицето кое шеташе без облека во Центар, однесен е во психијатриска болница
Дел од медиумите денеска објавија фотографија од гол човек како шета низ центарот на Скопје, поточно во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Од МВР за Курир потврдуваат дека во нивната евиденција имаат таков случај, кој е регистриран вчера попладне.
-На 09.04.2025 во 18.55 часот пред средно училиште на подрачје на Центар, полициски службеници го затекнале Ј.Р.(40) од Скопје како се движи на улица без облека. Лицето било приведено во полициска станица, по што од Итна медицинска помош во присуство на полициски службеници бил спроведен во психијатриска болница за понатамошно лекување, потврдуваат за Курир од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
40 годишен скопјанец е лицето кое шеташе…
Дел од медиумите денеска објавија фотографија од…
Скопјанец пронајден починат во валандовско
СВР Струмица соопшти дека вчера во 12:00…
Скопјанец ја пријавил за исчезната 31-годишната ќерка
Жител на скопската населба Аеродром вчеравечер пријавил…
Скопјанец со нож им се заканувал на…
На 26.09.2024 во 02.50 часот во Комплексот…
Почина 50-годишен скопјанец, му се слошило додека…
МВР информира дека вчера попладне во 17.15…