Независниот советник Венко Крстевски ќе се пријави за в.д. градоначалник на Кочани

t

Независниот советник во општина кочани, Венко Крстевски преку објава на „Фејсбук“ соопшти дека ќе се пријави за в.д градоначалник на општината.

Според Крстевски, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог за градоначалник па затоа, како што вели, „храбро одлучил да ја преземе улогата“.

„Свесен сум дека јас сум само еден независен советник во Советот, но верувам дека некој од советниците ќе го препознае мојот квалитет и искрена желба за создавање на подобри услови за живеење на кочанчани и нивните деца. Јас секогаш сум на страната на народот“, вели тој.

По трагедијата во дискотеката „Пулс“, досегашниот градоначалник Љупчо Папазов поднесе оставка. Крстевски неодамна ветуваше дека за шест месеци, колку што остануваат до локалните избори, „ќе сработи повеќе отколку сите градоначалници досега во овие 30 години“ и дека строго ќе ги контролира угостителските објекти и незаконските тенди во трговскиот центар во Кочани, за кои најави уривање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…