Кремљ не открива какви подароци му пратил Путин на Трамп
Кремљ нема да открие какви подароци му испратил рускиот претседател Владимир Путин на американскиот претседател Доналд Трамп преку специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Тоа се лични подароци, обично не зборуваме за нив, па нема да откриеме за што станува збор ниту овој пат“, рече тој во интервју за рускиот новинар Павел Зарубин.
Да потсетиме, Путин во петокот во Санкт Петербург се сретна со специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф, а средбата траеше околу четири и пол часа.
Инаку, претходниот пат кога Виткоф ја посети Москва, американскиот пратеник објави дека рускиот лидер му испратил на американскиот претседател портрет на Трамп насликан од еден од водечките руски уметници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За британската гаранција, азилантите, кредитот за брзата…
Шансите Македонија да добие комерцијален кредит со…
Синдикат на културата: „Плата нема“ – новото…
„И понатаму две институции од областа на…
Мицкоски: Не почнавме од нула, почнавме од…
Премиерот Христијан Мицкоски на трибина пред граѓаните…
Tрагедија на Халкидики: Младо момче од Македонија…
Деветнаесетгодишно момче од Македонија трагично го загуби…
Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард…
Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа…