Пролетна офанзива на Русите, со дронови жестоко нападнати Одеса и Запорожје
Најмалку пет лица се повредени синоќа во напад на руски беспилотни летала во Одеса, а оштетени се болницата и инфраструктурата, соопшти градоначалникот Генадиј Труханов.
Тој на Телеграм напиша дека во нападите биле оштетени и станбени згради, автопат, бензински пумпи и автомобили, како и дека се слушнале серија експлозии, пренесе Укринформ, пренесува Танјуг.
Во нападот на руски беспилотни летала на Запорожје утрово избувна пожар на бензинска пумпа, кој во меѓувреме е изгаснат, а нема повредени, соопшти началникот на Воената управа на Запорожје, Иван Федоров.
Пролетна офанзива
Како што рече во петокот претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Русија започна пролетна офанзива на многу линии на фронтот, а борбите се уште траат во рускиот регион Курск, каде што украинските сили ненадејно влегоа минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…