Уште ова ни треба… Британија предупредува на амбициите на Путин: „Западен Балкан е следното жариште“
Додека oчите на Европа и на Западот главно се насочени кон војната во Украина, сè повеќе растат тензиите во Западен Балкан. Според британските власти регионот е „уште едно жариште“ и предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин го користи моментот за да ги дестабилизира поранешните југословенски земји, да поттикне поделби и да го оттргне регионот од ЕУ и Западот и да се приближи до Москва и Пекинг, пишува „Политико“.

Многу западни дипломати веруваат дека Кремљ би можел да ги искористи длабоките етнички и верски тензии за да поттикне нови конфликти и да го зајакне своето влијание во дворот на Европската Унија.
Британски функционер предупреди дека Балканот мора брзо да оди напред, бидејќи наскоро целото внимание на Брисел би можело да биде окупирано со влезот на Украина во ЕУ. „Прозорецот на можности е многу тесен. Балканот повеќе не може да седи на две столчиња“, рече тој.
Заклучокот е јасен: „доколку ЕУ и пошироката меѓународна заедница не дејствуваат брзо и решително, Путин би можел да го претвори Балканот во нова зона на конфликт и нестабилност, исто како што направи во Украина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…