Објавено на:

(Видео) Украина со масовен напад со дронови врз Курск: Една жена загина, деветмина се повредени

t

Во напад на дронови во текот на ноќта загина 85-годишна жена, повредени се девет лица и запалени неколку згради во рускиот град Курск, во близина на границата со Украина, соопштија во вторникот локалните власти.

„Во текот на ноќта Курск беше цел на масовен непријателски напад“, се наведува во соопштението на управата на регионот Курск на апликацијата Телеграм.

Вршителот на должноста градоначалник на Курск, Сергеј Котљаров изјави дека во нападот била оштетена повеќекатница, во која се запалиле неколку станови. Жителите се евакуирани и сместени во блиското училиште, додаде тој.

Беспилотни летала погодиле и гаража со возила за брза помош при што се оштетени 11 возила, соопшти регионалната администрација, пренесува Ројтерс.

Иако се уште не е познат точниот обем на нападот, руските телеграмски канали „Baza“ и „SHOT“, кои често објавуваат информации од безбедносни и полициски извори, јавуваат дека градот го потресле повеќе од 20 експлозии. Објавени се и фотографии на кои се гледа пожар во катна зграда во текот на ноќта.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди овие наводи, а немаше официјален коментар од Украина. Двете страни во војната,која трае повеќе од три години откако Русија ја нападна Украина, негираат дека гранатирале цивили.

Украинските војници, кои неодамна извршија упад преку границата во областа Курск, каде што се наоѓа истоимениот град, сè уште држат одредени делови од територијата, иако руските сили вратија дел од загубените позиции.

Нападот на Курск доаѓа по рускиот ракетен и воздушен напад врз украинскиот град Суми за време на викендот, во кој загинаа 35 лица, а најмалку 119 беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…