Објавено на:

Виткоф откри детали за предлог-договорот за мир од Путин

t

Барањето на Путин е воспоставување траен мир. Значи, освен прекинот на огнот, добивме одговор и на тоа прашање. Ни требаше извесно време да стигнеме дотука, изјави Виткоф.

Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп, го опиша својот неодамнешен разговор со рускиот претседател Владимир Путин како „убедлив“ и изјави дека се разговарало за прекин на огнот во Украина и за создавање нови деловни можности, јави Укринформ, повикувајќи се на интервју на Виткоф за „Фокс њуз“.

Во текот на речиси петчасовната средба, Путин изразил подготвеност да обезбеди „траен мир“ со Украина.

– Барањето на Путин е воспоставување траен мир. Значи, освен прекинот на огнот, добивме одговор и на тоа прашање. Ни требаше извесно време да стигнеме дотука, изјави Виткоф.

Според него, клучот за целосниот договор се наоѓа во „петте територии“, но не прецизираше за кои области станува збор.

– Овој мировен договор се однесува на така наречените пет територии, но има многу повеќе од тоа – безбедносен протокол, без НАТО, без Член 5 од НАТО. Има многу детали поврзани со оваа сложена ситуација. Меѓу двете земји се случуваат сериозни проблеми. Но, мислам дека можеби сме на праг на нешто навистина значајно за целиот свет, нагласи Виткоф.

Тој додаде дека гледа „можност за промена на руско-американските односи преку убедливи трговски иницијативи“ кои би можеле да донесат вистинска стабилност во регионот.

Американската администрација организира одделни преговори со руски и украински претставници, но тие досега не доведоа до прекин на борбените дејства. Преговорите се одвиваат бавно, без значајни отстапки од Москва. Киев и некои западни престолнини ја обвинуваат Русија дека намерно ги одолговлекува разговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите и оваа година ќе добиваат 840…

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…

Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…

Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…

Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…

Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…

Почина бизнисменот Огњан Циговски

По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…

Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…

Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…