САД нема да го осудат рускиот напад на Суми каде загинаа и цивили?!
Соединетите држави им кажаа на своите сојузници од Г7 дека нема да поддржат изјава со која се осудува рускиот напад врз Суми, објави Блумберг, повикувајќи се на извори.
Блумберг објави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп им кажала на своите сојузници дека нема да потпише изјава за осуда на нападот бидејќи „работи на зачувување на просторот за мировни преговори со Русија“.
Од своја страна, Канада, која претседава со Г7 оваа година, им порача на сојузниците дека без американска поддршка, нема да биде можно да се продолжи постапката за усвојување на оваа заедничка осуда.
Руската војска изврши напад со ракети Искандер во неделата на местото каде во Суми се одржуваше состанок на командниот штаб на украинската оперативно-тактичка група „Северск“, соопшти руското Министерство за одбрана. Во таа прилика беа убиени повеќе од 60 припадници на вооружените сили на Украина. Загинаа и цивили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…