(Видео) Студентите во Белград го блокираа РТС, дојде до тепачка со полицијата
туденти и граѓани во Белград веќе трет ден ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак. Како што објавија студентите на социјалните мрежи, полицијата утринава успеала да ги внесе вработените во зградата на јавниот сервис, но дошло до тепачка со студентите.
Насобраните скандираат „Народна полиција“ и ги држат рацете нагоре како знак дека сакаат мирен протест.
Студенти од универзитетите во Белград и Нови Сад во понеделникот вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до понатамошно известување“.
ПОТРЕБНИ СТЕ НАМ, КРЕНУЛО ЈЕ ГУРАЊЕ❗️ pic.twitter.com/NEcNrRn51T
— Правни у блокади (@blokadapravni) April 16, 2025
Раководството на РТС вчеравечер преку соопштение оцени дека студентите „незаконски го блокираат“ јавниот сервис.
„Блокирањето објекти и спречувањето на вработените во јавниот сервис да ја вршат работата за која се законски одговорни претставува неприфатлив притисок врз медиумите во кои граѓаните со години покажуваат најголема доверба“, објави РТС.
Директорот на РТВ Горан Караџиќ употреби поинаков речник, оценувајќи дека студентите преку блокадата ги „киднапирале“ вработените во медиумската компанија, а нивната акција ја нарече „тероризам“. Додека протестот и блокадата во Белград продолжуваат и се одвиваат без инциденти, РТС продолжува да ја емитува својата програма без прекин.
Студентското движење излезе на бранот протести предизвикани од смртта на 16 лица во урнатата настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, а од властите бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата и бараат борба против корупцијата и непристрасно дејствување на институциите без политички притисок и влијание.
Policija sprovodi zaposlene RTS sa Palilulske pijace do ulaza "Ćevabdžinica". Jadna je vlast koja je to naredila. Jadna. pic.twitter.com/ENl79kBpHD
— Здравко Јанковић 🐘 (@zdravkojankovic) April 16, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во…
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална…
СЗО: Речиси секоја трета девојка од 15…
Околу 43 милиони девојки на возраст од…
Криста Пајк ја преживеа егзекуцијата: Се разбуди…
Криста Пајк, осуденичката на смрт во Тенеси…
Нови експлозии во Саудиска Арабија: Аеродромот во…
Неколку силни експлозии одекнаа денеска во саудиската…
Македонски компании на светската сцена: Стотина пријавени…
Околу 100 македонски компании се пријавиле за…