Уапсен геологот кој критикуваше за падот на настрешницата во Нови Сад
Српскиот геолог Зоран Џаиќ е приведен синоќа и бил однесен во Обвинителството за високотехнолошки криминал во Белград. Џаиќ бил приведен откако тој ја платил сметката во еден ресторан во Белград.
Инженерот Џаиќ ѝ стана познат на пошироката јавност откако на 1 ноември минатата година се урна покривот на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Како геолог кој беше задолжен да ги надгледува сите работи за сечење камења на Железничката станица, Џајиќ почна да ја посочува можната корупција како една од причините за уривањето на настрешницата, обвинувајќи ја актуелната власт за сѐ што се случи, а особено ја апострофираше улогата на еден од подизведувачите, компанијата „Стартинг“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неколку наврати го нарече Џаиќ „крадец и измамник“, а главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, пред пет дена му дал задолжителна инструкција на специјалниот обвинител за високотехнолошки криминал да ѝ наложи на полицијата да го уапси геологот поради тоа што ја „безбедноста на претседателот Вучиќ“. Во соопштението за медиумите, обвинителот Стефановиќ потсетува на објавата на Џаиќ на социјалната мрежа Икс: „Мојот став е јасен – народот треба да гласа за смртна казна за Вучиќ – Не би сакал подоцна некој да го ослободи од лудница и да почне да собира нацисти и криминалци околу него“. Истиот ден кога беше објавен тој твит, обвинителот го окарактеризира дека Џајиќ да му се „заканувал со смрт на претседателот Вучиќ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…