Избрана е новата српска влада
Членовите на Народното собрание на Србија избраa нова Влада на Србија на чело со Ѓуро Мацут како нов премиер.
Гласањето било јавно и 153 пратеници гласале за него.
Новата српска влада е составена од 30 министри, од кои повеќето беа во кабинетот на премиерот Милош Вучевиќ, кој поднесе оставка.
Шеф на владата е Ѓуро Мацут, Синиша Мали е прв заменик премиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ е заменик премиер и министер за внатрешни работи, а Адријана Месаровиќ е заменик премиер и министер за економија.
Драган Гламочиќ е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сара Павков е министер за заштита на животната средина, Александра Софронијевиќ е министер за градежништво, транспорт и инфраструктура и Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ е министер за рударство и енергетика.
Јагода Лазаревиќ е новиот министер за внатрешна и надворешна трговија, Ненад Вујиќ е министер за правда, Снежана Паунович е министер за јавна администрација и локална самоуправа, Демо Бериша е министер за човекови и малцински права и социјален дијалог, а Братислав Гашиќ е министер за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…