УКИНАТ Е ПРИТВОРОТ ЗА СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ!

t

Укинат е притворот за сите полициски службеници осомничени за трагедијата во Кочани, потврдија за Инфомакс од ОЈО ГОКК.

Во денешната постапка на предлог на јавниот обвинител на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост и тоа: одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот, забрана за комуникација со останатите осомничени и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело, судијата го прифати предлогот и на петмина им ги определи погоренаведените мерки, додека на еден осомничен (пензионер) му определи мерка забрана за комуникација со останатите осомничени бидејќи останатите три мерки за ова лице се активни во предмет од 2019 година. Воедно, на предлог на обвинителот со оглед дека истекува притворот за осомничените опфатени со претходната истрага истиот е укинат и им се изречени истите мерки на претпазливост. Мерката забрана за вршење професија е изречена во зависност од тоа дали осомничените се уште се во работен однос или во пензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…