Осум земји-кандидатки за ЕУ, меѓу кои и Македонија, се приклучија кон санкциите на Брисел за Белорусија
Европската унија одлучи да додаде 25 физички и седум правни лица од Белорусија на списокот на физички и правни лица, субјекти и тела подложени на рестриктивни мерки поради ситуацијата во Белорусија и вмешаноста на Минск во руската агресија врз Украина, јавуваат медиумите.
„Србија е единствената земја-кандидат за членство во Европската унија од Западен Балкан која не ја почитувала новата надворешнополитичка одлука на ЕУ за воведување дополнителни санкции кон Белорусија“, соопшти денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.
Сите други земји кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан – Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина – се усогласија со оваа одлука на Советот на ЕУ.
Тие ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со ова, а ЕУ ја забележува и ја поздравува оваа посветеност, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…