Мотоциклист загина откако излетал од пат, сопатникот тешко повреден
На 16.04.2025 околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, информира МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Ј.(41) од с.Копаница, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов играч може да влезе во војната:…
Војната во Јемен се заканува дополнително да…
Муцунски: Покажавме посветеност на претворањето на Коридорот…
Ми претставува чест да учествувам во денешната…
(Фото) Нови 33 мотори за полицијата
претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски, присуствуваше на…
ДРВО БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕШКО:…
На 7 октомври 2026 година, во 15:10…
Грчката полиција со притисок врз Македонското движење…
Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик…