Гевгеличани превезувале мигранти од Кина и Авганистан
На 17.04.2025 во 19.30 часот на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.
Притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 – годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, додека две лица го напуштиле местото.
Набргу, по преземени мерки и активности, а поради сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – Б од Кривичниот законик, исто така, во близина на граничната линија биле лишени од слобода Д.Т.(32) и 49 – годишната В.Т., двајцата од Гевгелија.
Во нивна близина биле пронајдени мобилни телефони кои биле подигнати за понатамошна постапка, а тие биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…
Human Rights Watch со апел до ЕУ…
Human Rights Watch Однесувањето на Босна и…