Пожар избувнал во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице
Пожар избувнал во куќа во Кавадарци во текот на вчерашниот ден, а пронајдено било тело на машко лице, кое, најверојатно, се задушило, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според Регионалниот центар за управување со кризи – Велес, двајца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле запалена плинска боца во куќа на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Пронајдено било машко лице за кое се вели дека најверојатно се задушило.
– Присутни биле и екипи на Итна медицинска помош, кои констатирале смрт на лицето на возраст од 78 години, појаснуваат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов играч може да влезе во војната:…
Војната во Јемен се заканува дополнително да…
Муцунски: Покажавме посветеност на претворањето на Коридорот…
Ми претставува чест да учествувам во денешната…
(Фото) Нови 33 мотори за полицијата
претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски, присуствуваше на…
ДРВО БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕШКО:…
На 7 октомври 2026 година, во 15:10…
Грчката полиција со притисок врз Македонското движење…
Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик…