Објавено на:

Во САД се закажани повеќе од 400 собири против Трамп

t

Повеќе од 400 собири против американскиот претседател Доналд Трамп се планирани за денеска, а организаторите повикаа 11 милиони луѓе ширум САД да учествуваат во напорите за „заштита на демократијата“.
Организаторот на протестот, групата 50501, која се залага за 50 протести во 50 сојузни држави и едно движење, се обидува да го претвори незадоволството од претседателскиот мандат на Доналд Трамп во масовно движење, објави Гардијан.


Ова се четврти протести организирани од групата по инаугурацијата на Трамп на 20 јануари, а 11 милиони луѓе се поканети да учествуваат на најновите собири, што претставува 3,5 отсто од населението на Соединетите држави.
Во претходните масовни протести, на 5-ти април беа организирани 1.200 протести низ САД, под слоганот „Од раце“, во спротивставување на нападот на Трамп врз владините агенции и институции, а на 17-ти февруари беа организирани протести под слоганот „Ден без кралеви“.
Портпаролот на 50501 Хедер Дан рече дека целта на денешните протести во САД е „да се заштити демократијата од подемот на авторитаризмот под администрацијата на Трамп“.
Таа ја нарече групата 50501 „продемократско и проуставно“, како и „ненасилно“ непартиско движење.
Во Вашингтон за денеска се закажани протести и пред домот на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, на теренот на морнаричката опсерваторија во Вашингтон, како и на плоштадот Лафајет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…