Го избркаа од работа па на ден пред Велигден го претепаа татко му: Семејството тврди дека се работи за човек близок до генералниот секретар на ВМРО

t

Член и активист на ВМРО-ДПМНЕ кој веќе подолго време се спротивставува на ставовите на актуелното раководство на партијата претходно беше избркан од работа, а сега ден пред Велигден избркан од работа е и неговиот татко, кој бил и претепан.

Семејството вели дека напаѓачот е со иницијали Ј.З од Кичево, и работел заедно со нападнатиот, а се работи за човек близок до генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

– Подолго време истиот овој му вршеше закани на татко ми за негова и моја ликвидација.
Со проблемите што ги имаме со Општинскиот Комитет во Кичево и со Ѓорѓија Сајкоски, овој човек денес изврши физички напад врз татко ми се со цел да ме замолчат мене, да не остават начисто сите од дома без работа, да не стават во безизлезна ситуација. – вели синот на нападнатиот.

Целава ситуација настанала внатре во маркетот, некаде околу 13 часот кога напаѓачот, според зборовите на синот на оштетениот, почнал да го провоцира нападнатиот со зборовите: “Малку ви е тоа што Ѓоко Сајкоски го остави син ти без работа, а покрај него и ти ќе останеш без работа“, по што и физички го нападнал.
Нападнатиот има повреди во пределот на окото,главата, носот и рацете.

– Татко ми кога се сметна од работа, веднаш го однесов во брзата помош во Кичево каде што му констатираа висок притисок, крв од носот и башка собрана крв под окото, јаки главоболки, и ослабен вид, каде што во вторник има се уште прегледи и најверојатно во среда ќе го добие и лекарското решение. – вели синот на оштетениот.

Случајот е пријавен во полициска станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…

Рано утрово Душко ја фатил за коси…

Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…

САД и Британија изведоа нови напади над…

Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Неколку израелски војници се повредени по напад…