Левица: Директорот сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар
Директорот на психијатриска болница од редовите на Движење ЗНАМ – Жан Лозановски продолжува со закани и уцени кон вработените. Подолг период наназад соочени со прекувремена работа по 200 часа во месецот, што е спротивно со секој закон, а притоа несоодветно исплатени за прекуврена работа и со укинат превоз за ноќна работа, вработените се обратиле до Државниот трудов инспекторат,велат од Левица.
Од инспекторатот е позитивно одговорено дека превозот за ноќна работа им следува и директорот треба да го обезбеди. Меѓутоа, наместо да постапи по укажувањата на инспекторатот тој врши мобинг принудувајќи ги вработените да потпишат изјави (фотографија во прилог) дека се откажуваат од превозот доколку сакаат да продолжат со работа во смени и дежурства. Во спротивно се заканувал со носење на персонал од други здравствени установи, исклучување од дежурства, работење со приправност и сл.
Дали Јавното обвинителство ќе постапи по допрен глас, прашува Левица која бара разрешување на директорот во психијатриска болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…
Савески до пратениците: Во овој момент не…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…
Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…