Американски маринец загина во БиХ
Американски војник загина во Босна и Херцеговина, каде што беше на одмор, јавија медиумите од регионот, откако беше завршена потрагата по жртвата, која траеше од вчера. Американски државјанин загинал на планината Маглиќ, на која бил во посета со сопругата. Станува збор за американски маринец кој се лизнал и паднал од ледена карпа во провалија длабока околу 500 метри.
Спасувачките екипи веднаш по добивањето на пријавата ја почнале потрагата, но поради тешкотијата на теренот дури во неделата наутро успеале да го пронајдат телото на Американецот. Ненад Икониќ од Планинската спасувачка служба на Република Српска (ГСС) претходно изјави дека несреќата се случила на надморска височина од околу 2.200 метри, а во потрагата била ангажирана екипа на ГСС од 12 лица, помогната од полицијата и цивилната заштита.
Истрагата ја води Окружното обвинителство во Фоча, кое ќе ги испрашува сведоците. Се работи за лица кои престојувале на Маглиќ кога мажот починал, а се државјани на Словачка и Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…
Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…