Објавено на:

Стејт Департмент: Би поздравиле продолжување на Велигденското примирје во Украина

t

Стејт Департментот соопшти дека би го поздравил продолжението на велигденскиот прекин на огнот, кој го прогласи рускиот претседател Владимир Путин, иако Кремљ соопшти дека нема налог за продолжување на прекинот.

Ја видовме најавата на претседателот Путин за привремен прекин на огнот поради Велигден. Остануваме посветени на постигнувањето на целосен и сеопфатен прекин на огнот. Додека ја проценуваме нивната сериозност во овој случај, би поздравиле да се продолжи прекинот и после недела, рече во писмена изјава портпаролот на Стејт Департментот.

Путин во пресрет на Велигден на состанок со началникот на генералштабот на руската војска Валериј Герасимов најави прекин на огнот на целата линија на фронтот кој важи од 19 април од 18 часот по московско време, до полноќ, односно вкупно 30 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Путин ја претстави најновата руска нуклеарна…

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…