Светските политичари му оддаваат почит на починатиот Папа
Многу светски политичари му оддадоа почит на папата Франциск по веста дека утрово почина врховниот поглавар на Римокатоличката црква, посочувајќи дека успеал да инспирира милиони луѓе и надвор од католицизмот.
Италијанскиот потпретседател и министер за надворешни работи Антонио Тајани ја изрази својата тага и рече дека папата Франциск „се вратил во домот на таткото“.
„Папата Франциск се врати во домот на таткото. Се грижеше за сите живи суштества, покажа милост и братство: беше голем понтиф. Пријател на Италија. Се молиме за него и за иднината на целата Католичка црква“, напиша Тајани на мрежата Х.
Им се придружувам на повеќето милиони луѓе ширум светот кои тагуваат за смртта на неговата светост, папата Франциск. Беше длабоко сочувствителен. Тој се грижеше за големите глобални предизвици на нашето време – миграцијата, климатските промени, нееднаквостите, мирот, како и за секојдневните борби на еден и на сите, наведе претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.
Тој посочи дека со својата најнова порака за Светскиот ден на мирот, папата предложи три активности за да може да дојде до „трајна промена“ – простување на меѓународниот долг, укинување на смртната казна и прераспределба на средствата за воените потреби за ставање крај на гладот.
Нека неговите идеи продолжат да не водат кон иднината на надеж. Requiescat in pace (Нека почива во мир), додаде Кошта.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, оцени дека денеска светот жали за смртта на папата Франциск.
Тој инспирираше милиони луѓе, и надвор од Католичката црква, со својата понизност и толку чиста љубов за помалку среќните. Моите мисли се со сите кои ја чувствуваат оваа длабока загуба. Нека најдат утеха во идејата дека наследството на папата Франциск ќе продолжи да не води сите нас кон поправеден, мирен и сочувствителен свет, истакна Фон дер Лајен.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола наведе дека Европа жали за смртта на неговата светост, папата Франциск.
Неговата заразна насмевка ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот. „Народниот папа“ ќе остане запаметен по неговата љубов кон животот, надежта за мир, сочувството за еднаквоста и социјалната правда. Нека почива во мир, додаде Мецола
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…