313 амандмани на предлог-извештајот на Вајц за Македонија
313 амандмани за извештајот, предлог-текстот на известувачот за Македонија во Европскиот Парламент. Европратениците од екстремно десничарската и националистичка партија Грчко решение, предлагаат „Замена на зборовите „Република Северна Македонија“ со зборот „Скопје“ во текстот на целата Резолуција“.
Според известувачот Томас Вајц, процесот на пристапување на Македонија наидува на блокади од различни неоправдани причини-ЕУ треба да изнајде гаранции да нема билатерални прашања после промената на Уставот.
Точката поврзана за уставните измени, странското мешање и македонскиот јазик и идентитет, со амандманот на Вајц се предлага оваа точка да гласи:
„Со оглед на тоа што Северна Македонија треба да ги усвои неспроведените уставни измени, во согласност со нејзините заложби, за да можат веднаш да започнат пристапните преговори“.
Неколкумина бугарски европратеници предлагаат вметнување на содржини со кои се споменува потребата од „внесување на Бугарите во Уставот“ и „почитување на правата на припадниците на бугарското малцинство“, додека Грците Фрагос и Александрики бараат целосна замена на овој член со текстот:
„Забележува дека Скопје, на ниту еден начин, не ги презел неопходните чекори за пристапување кон ЕУ и усогласување со европската надворешна политика; повикува на итен прекин на пристапните преговори“.
Додека пак, европратениците од Хрватската демократска заедница, предлагаат вметнување на член 2а, кој би гласел дека постојните билатерални прашања никогаш не треба да го попречуваат напредокот заснован на заслуги на европскиот пат или да ги надминуваат пошироките стратешки интереси на Унијата.
Томас Вајц, предлага вметнување на член 35а кој се однесува на трагедијата која се случи во Кочани.
„Изразува длабоко сочувство до жртвите и нивните семејства во трагедијата во Кочани, каде што беа загубени 59 животи, а над 150 лица, главно тинејџери и млади луѓе, повикува на темелна и транспарентна истрага за инцидентот и одговорните да бидат повикани на одговорност за да се обезбеди значајна одговорност; ги повикува сите политички актери да се воздржат од искористување на оваа трагедија за политичка корист и топло ја поздравува непосредната поддршка и солидарност што ја покажаа соседните и земјите од ЕУ, особено Грција и Бугарија, за давање медицински третман на жртвите.“ – Томас Вајц.
На 13 мај, Европскиот парламент ќе се изјаснува за предложените амандмани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Савески до пратениците: Во овој момент не…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…
Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…