Битно има за манго и папаја: Поради недостиг на пари наставниците во основното и средното образование не можат да одат на обуки

t

Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатира повеќе системски слабости во работата на Бирото за развој на образованието, кои ги објавува во извештајот за Извршената ревизија на регуларност за 2024.

Според ДЗР, за раководење на Бирото е именуван в.д. директор кој ја извршувал функцијата над пет години, извршени биле исплати за надоместоци за надворешни соработници врз основа на правилници кои се донесени во претходниот период, чие усвојување е во надлежност на министерот за образование и наука, а конкурсите кои се распишуваат за избор на надворешни соработници содржат критериуми кои овие лица треба да ги исполнуваат, кои се различни од критериумите наведени во интерните акти.

„Исто така, постојат непрецизности во начинот на пресметка на надоместоците на ангажираните надворешни соработници, донесените интерни акти се од општ карактер и не нудат доволно конкретни насоки во врска со начинот и контролата и ангажирањето на стручните надворешни лица и вработените лица во Бирото“, констатира Државниот завод за ревизија.

По направената ревизија се констатира дека поради недостаток на финансиски средства не постои можност за реализација на обуките на наставниците во основно и средно образование во законски предвидениот обем, како и дека не се спроведуваат активностите и функцијата внатрешна ревизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…