Заврши доказната постапка во судскиот процес поврзан за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

t

Денеска заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица.

Во текот на денешната главната расправа прво се читаа искази на сведоци на Обвинителството дадени во првиот судски процес, а потоа се прочитаа и три искази дадени на сведоци предложени од одбраната на обвинетите.

Кога судијата Реџеп Муса констатираше дека заврши доказната постапка ги праша сите страни во процесот дали може да се продолжи расправата со завршен збор. Адвокатот Илчо Гавровски, бранител на обвинетиот Бесими, побара одбраната да добие препис на електронски докази, што беше одбиено од судот. Судијата обраложи дека истите електронски докази веќе биле репродуцирани на 18 март 2025 и дополнително барање за издавање на препис на такви докази е во спротивност на начелото за ефикасна и економична постапка.

По барање на адвокатите на бранителите и согласност на полномошниците на оштетените и Обвинителството, судот определи завршните зборови да се искажат на 12 мај со почеток во 10 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пријавени четири жени кои си ги натепале…

Жени што си ги тепале мажите, татко…

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети –…

Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при…

Претреси и во простории на МВР –…

Врз основа на наредби од судија на…

Чадот е клучната разлика: тројца поранешни експерти…

Во време кога глобалната борба против пушењето…

Две лица кривично ќе се гонат за…

По преземени мерки и активности, Единицата за…