Онкологија: Се работи напорно за да се обезбедат лекови кои недостигаат

t

Интензивно се работи на обезбедување на лекови кои недостасуваат, соопштија денес од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО).

“Постапката е завршена од страна на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија. Управна контрола во Бирото за јавни набавки е завршена во рекорден рок”, информираат од УКРО.

Во моментов е активен периодот за приговори и процесот на јавна набавка е во надлежност на Државната комисија за жалби по јавни набавки, објаснуваат од клиниката.

Подвлекуваат дека тимот за јавни набавки на оваа клиника посветено работи на завршување на сите процедури во најкус можен рок, со цел да се склучат договорите со добавувачите и лековите да се достават на клиниката до крајот на оваа седмица.

Од клиниката за МИА прецизираат дека во тек е постапка за вкупно четириесетина артикли, вклучувајќи ги и оние кои во моментов се дефицитарни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пријавени четири жени кои си ги натепале…

Жени што си ги тепале мажите, татко…

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети –…

Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при…

Претреси и во простории на МВР –…

Врз основа на наредби од судија на…

Чадот е клучната разлика: тројца поранешни експерти…

Во време кога глобалната борба против пушењето…

Две лица кривично ќе се гонат за…

По преземени мерки и активности, Единицата за…