Објавено на:

Поранешниот хрватски преговарач Дробњак: 2030 година е остварлива цел за членство на Македонија во ЕУ, ама клучни се резултатите

t

2030 година е остварлива цел за ново проширување на Европската унија, а со тоа и за членство на Македонија, доколку земјата продолжи да ги спроведува реформите и ја следи Реформската агенда 2024-2027 година.

Ова е ставот на поранешниот главен преговарач на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, кој нагласува дека резултатите се одлучувачки.

На седницата на Националниот совет за евроинтеграции сите учесници се согласија дека за успех е неопходен политички консензус. Претседавачот на Советот Венко Филипче истакна дека е време за заедничка и посветена работа и покрај предизвиците.

Антонио Милошоски од Комисијата за европски прашања истакна дека реформите мора да имаат поддршка и од опозицијата, додека министерот за европски прашања Орхан Муртезани ја истакна клучната улога на Собранието.

Претставниците на ЕУ и Швајцарија потсетија дека овие реформи долго време се дел од стратешките документи на земјата и повикаа на конкретни активности.

Заклучоците се дека Македонија не заостанува поради реформите, туку поради политички и идентитетски прашања.
Сепак, ЕУ останува отворена и посветена на проширувањето и шансата за членство е реална, но потребна е мобилизација на сите капацитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…