Израел на социјалните мрежи првично објави, а потоа избриша порака со сочувство за смртта на папата Франциск
Израелската влада сподели, а потоа избриша објава со сочувство на социјалните мрежи за смртта на папата Франциск, без да ја наведе причината за тоа, јавија денеска британските медиуми.
Израелските медиуми го поврзаа ваквиот потег со критиките што покојниот папа Франциск ги упати кон раководството на еврејската држава поради војната во Газа.
„Почивај во мир, папа Франциск. Нека неговиот спомен биде благослов“, беше објавена во понеделникот проверениот налог „@Israel“ на платформата Х, покрај сликата на папата додека тој беше во посета на Западниот ѕид во Ерусалим.
„Јерусалим пост“ цитираше претставници во израелското Министерство за надворешни работи, кои, според весникот, изјавиле дека папата давал „изјави против Израел“ и дека сочувството е објавено на социјалните мрежи „по грешка“.
Папата Франциск (88), кој почина во понеделникот, во ноември минатата година предложи светската заедница да истражи дали израелската воена кампања во Газа е геноцид врз Палестинците, во некои од неговите најексплицитни критики за однесувањето на Израел во војната со Хамас што започна во октомври 2023 година.
Папата, исто така, во јануари хуманитарната ситуација во Газа ја нарече „срамна“, предизвикувајќи критики од главниот еврејски рабин во Рим, кој го обвини папата Франциск за „селективна огорченост“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европските берзи во минус: Падот на цената…
Европските индекси денес се претежно во минус,…
Во кампот за мигранти на север во…
Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во…
Ако одите во Грција погледнете го распоредот:…
Возачите од Македонија кои вечерва патуваат кон…
(Фото) Украина ѝ врачи орден од прв…
Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби…
(Видео) Украински дронови трета ноќ по ред…
Во масовен бран напади со украински беспилотни…