Фиктивно се доделувале инвалидски пензии – претреси на Клиниките за неврологија и психијатрија

t

На Клиника за неврологија и на Клиника за психијатрија во канцеларии на најмалку две докторки специјалисти се правени претреси утринава, а во врска со незаконско фиктивно доделување инвалидски пензии, со што е оштетен буџетот на ПИОМ, дознава „Слободен печат“.

Докторката С.Л. од Клиниката за неврологија при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не се појавила на работа утринава, но полицијата ја претресувала нејзината канцеларија, велат за „Слободен печат“ извори од клиниката. Неофицијално претрес е правен и кај поранешен директор на скопска болница.

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата.

„Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство“, велат од ОЈО ГОКК.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…