ССМ повикува на масовен протест на 1 Мај: „Колку ќе дојдеме, толку и ќе добиеме, не е време за пиво и скара“

t

Сојузот на синдикатите уште еднаш повика на масовност на протестот на работниците на 1-ви мај, кој ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом. Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, повтори дека платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат согласно Колективните договори. Тој тврди дека Владата и работодавачите одбиваат да ги зголемат сите плати, па оттука ова е и повеќе од доволно за да се протестира на првиот ден од месец мај.

-Денеска не е време кога треба да празнуваме. Треба да менуваме традиција и ние како и сите земји во ЕУ да излеземе на протест, а не да маршираме и на таков начин да го изразиме нашето работничко незадоволство. Денеска за жал, огромен број на работници во приватниот сектор, немаат добиено плата за месец март. Колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме, толку ќе добиете и толку ќе добиеме. Владата и работдавачите нѐ бројат – рече Трендафилов на потенцирајќи дека во Македонија, минималната плата го дупнала дното.

-Не е време за пиво и скара, време е за борба за работнички права – дециден беше Трендафилов.

Првиот синдикалец потврди дека се уште не е завршено броењето на членовите за да се види кој ќе ги брани боите на работниците. Процедурата е на половина – преброени се половина од членовите на ССМ, но и оваа недела не е закажана седница на Комисијата за утврдување на репрезентативност.

-Тоа што нас нѐ загрижува е што во моментот сите се против ССМ само затоа што бараме зголемување на платите и достоинствен живот. Работниците треба да застанат со нас. Никој не може да им се заканува – додаде Трендафилов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…

Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…

(Видео) Сакате евтина работна сила за да…

Лесно е со 160.000 месечна плата да…

Ампева: СРАМ ДА ВИ Е на „синдикатите“…

Срам да им е на „синдикатите“ кои…

(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…

Денес по повод 1 Мај, Денот на…