Објавено на:

Хегсет: САД веќе не можат да бидат гарант за европската безбедност

t

Соединетите Американски Држави повеќе не можат да бидат гарант за европската безбедност, изјави министерот за одбрана Пит Хегсет.

„Времето кога Соединетите Држави беа единствениот гарант на европската безбедност заврши“, рече тој, говорејќи на американскиот воен колеџ во Карлајл, Пенсилванија. Во исто време, американскиот министер нагласи дека со зголемената улога на европските земји во обезбедувањето на сопствената безбедност, Вашингтон ќе има дополнителни ресурси за да ги насочи своите напори во други региони – пред се на спротивставување на влијанието на Кина во Азија. Тој, исто така, истакна дека САД имаат намера да го зголемат бројот на свои војници стационирани во зоната на Панамскиот канал.

„Обезбедивме рамковен договор за правото на прв премин на американските воени бродови и бродови за поддршка низ Панамскиот канал, како и дополнително присуство на американски војници на двата брега по целата должина“, рече шефот на Пентагон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…