Паузата од 90 дена завршува порано? Трамп најави повторно воведување на царините

t

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека повторно ќе ги стави во сила „реципрочните“ царини за голем број земји ширум светот бидејќи тие не се појавиле на преговори, иако претходно кажа дека ќе ги паузира царините на 90 дена.

„На крајот, мислам дека ќе имаме одлични зделки и патем, ако не склучиме договор со некоја компанија или земја, ќе воведеме царини. Би рекол во следните неколку недели, во следните две, три недели“, рече Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.

Не е јасно какви нови царини ќе им наметне Трамп на земјите што нема да постигнат договор со САД во наредните недели – ниту дали овие нови царини трајно ќе ги заменат тековно паузираните тарифи или само ќе служат како привремена мерка додека продолжуваат преговорите.

Во меѓувреме, САД одржуваат универзална царина од 10 отсто за речиси сите стоки увезени во Америка, со повисоки стапки за одредени производи.

Промената на ставот на Трамп за тарифите предизвика огромна несигурност меѓу бизнисите и потрошувачите. Исто така, ги потресе пазарите, предизвикувајќи драстичен пад на акциите и средствата во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Започна изградбата на нов парк од…

Нов парк со површина од 71.000 квадратни…

Џабе затвораме, кога има судии кои ги…

Големо разочарување, и за мене, и за…

Се зголемува монашкото братство во Бигорскиот манастир…

Биргоскиот манастир Свети Јован Крстител на својата…

Со метални предмети го нападнале на паркинг…

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга…

Русија оди кон најниско производство на нафта…

Русија се движи кон најниското годишно производство…