Објавено на:

Полицајците на РС кои го спречиле апсењето на Додик ќе бидат осомничени за оружен бунт

t

Припадниците на полицијата на Република Српска, кои синоќа во источно Сараево со оружје ги спречиле припадниците на Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) да го уапсат претседателот на РС Милорад Додик, ќе бидат осомничени за „оружен бунт“, објавуваат сараевските медиуми.

Според неофицијални информации од СИПА, биле идентификувани неколку лица од обезбедувањето на Додик и полицијата на РС, кои на инспекторите им се заканиле со сила ако се обидат да влезат во Административниот центар на РС во источно Сараево, каде што се наоѓал Додик.

Истите извори навеле дека сите кои под закана со оружје ги спречиле припадниците на СИПА да го уапсат Додик ќе бидат осомничени за кривично дело „оружен бунт“.

Радиотелевизија Република Српска (РТРС) објави синоќа дека тројца инспектори на СИПА се обиделе синоќа да влезат во Административниот центар на РС во источно Сараево за на претседателот на РС Милорад Додик да му врачат налог за апсење, но во тоа ги спречила полицијата на РС.

СИПА потврди дека нивни инспектори се обиделе да влезат во Административниот центар и дека таа полициска агенција не ја ангажирала својата специјална единица.

Сараевски Аваз објави дека пред Административниот центар се појавило и возило на Еуфор, но дека брзо ја напуштило локацијата.

Додик синоќа со хеликоптер пристигнал во источно Сараево каде се сретнал со градоначалникот и началниците на градските општини.

Додик е осомничен за напад на уставниот поредок на БиХ а по него Судот на БиХ распиша потерница, бидејќи не се одѕвал на повикот на државното обвинителство да биде сослушан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…