СДСМ: Целиот систем се распаѓа додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН меѓусебно се расправаат
Уште не е помината првата година од мандатот на новата Влада, веќе на граѓаните има стана јасно, Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се најлошата и најнефункционалната Влада која сме ја имале, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
– Додека целиот систем бувално се распаѓа, тие ја трујат јавноста со внатрекоалициски расправии. Наместо да сработат нешто од програмата, медиумите се полни со нивните партиски несогласувања. Очигледно е дека покрај тоа што не се способни да ја водат државата, не се способни ниту да се договорат во Владата како да си ги поделат тендерите, па затоа се расправаат. Луѓето гледаат како власта се кара самата со себе, додека државата тоне.Нема институција што функционира. Во здравството – хаос, економијата тоне, реализација на проекти нула, плати стагнираат а и оние постоечките не се исплаќаат. Во ваков целосен хаос државата никогаш не била. Грејс периодот одамна ви помина. Одамна граѓаните чекаат нешто конкретно што ќе се сработи во нивни интерес. Фактот што единствено се бавите сами со себе јасно потврдува дека оваа Влада е целосно неспособна. Тоа се гледа јасно и од авион. Освен кој колку земал, како се поделени фунцкиите, како пропаднале тендерите за паркингот на Клинички и слично, друго немате ништо понудено, рече Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се зголемува монашкото братство во Бигорскиот манастир…
Биргоскиот манастир Свети Јован Крстител на својата…
Со метални предмети го нападнале на паркинг…
Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга…
Русија оди кон најниско производство на нафта…
Русија се движи кон најниското годишно производство…
Шпаркасе тргнува по УНИ Банка – се…
Македонскиот банкарски сектор е пред една од…
(Видео) Нова провокација од Бугарија: Костадинов поднесе…
Пратеникот и лидер на бугарската партија „Преродба“…